Џампјеро Вентура повика 26 играчи за двата претстојни мундијалски квалификациски натпревари против Македонија и Шпанија.
Селекторот на „Аѕурите“ денес го соопшти списокот на повикани играчи со кои ќе допатува во Скопје на мегдан со Македонија. По долгата пауза поради скршеница на ногата назад во репрезентацијата е резервниот голман Матиа Перин, соиграч на Пандев од Џеноа. Од претходниот состав кој со 3:1 славеше над Израел во првото коло недостасува единствено повредениот лев бек Лука Антонели кој тогаш ги одигра сите 90 минути. Од 26-те повикани играчи, само 6 играат надвор од Серие А. Не добија повик напаѓачите Симоне Ѕаѕа и Стефан Ел Шаарауи.
Италија ќе почне да се собира уште од недела и тоа во стандардната тренинг база во населбата Коверчано во Фиренца.
Џанлуиџи Буфон – Јувентус ![]()
Џанлуиџи Донарума – Милан ![]()
Матиа Перин – Џеноа ![]()
Давиде Астори – Фиорентина ![]()
Андреа Барѕаљи – Јувентус ![]()
Леонардо Бонучи – Јувентус ![]()
Џорџо Кјелини – Јувентус ![]()
Доменико Кришито – Зенит ![]()
Матео Дармјан – Манчестер Јунајтед ![]()
Матиа Де Шиљо – Милан ![]()
Анџело Огбона – Вест Хем ![]()
Алесио Ромањоли – Милан ![]()
Федерико Бернардески – Фиорентина ![]()
Џакомо Бонавентура – Милан ![]()
Антонио Кандрева – Интер ![]()
Даниеле Де Роси – Рома ![]()
Алесандро Флоренци – Рома ![]()
Рикардо Монтоливо – Милан ![]()
Марко Пароло – Лацио ![]()
Марко Верати – ПСЖ ![]()
Андреа Белоти – Торино ![]()
Едер Ситаџин Марчинс – Интер ![]()
Маноло Габјадини – Наполи ![]()
Чиро Имобиле – Лацио ![]()
Грациано Пеле – Шандон Лунен Таишан ![]()
Никола Сансоне – Виљареал ![]()
Италија прво на 6 октомври ќе ја пречека Шпанија во Торино во натпревар кој е дерби во групата Г, а потоа на 9-ти на „Националната Арена Филип II Македонски“ ќе ѝ гостува на Македонија.
