Џампјеро Вентура повика 26 играчи за двата претстојни мундијалски квалификациски натпревари против Македонија и Шпанија.
Селекторот на „Аѕурите“ денес го соопшти списокот на повикани играчи со кои ќе допатува во Скопје на мегдан со Македонија. По долгата пауза поради скршеница на ногата назад во репрезентацијата е резервниот голман Матиа Перин, соиграч на Пандев од Џеноа. Од претходниот состав кој со 3:1 славеше над Израел во првото коло недостасува единствено повредениот лев бек Лука Антонели кој тогаш ги одигра сите 90 минути. Од 26-те повикани играчи, само 6 играат надвор од Серие А. Не добија повик напаѓачите Симоне Ѕаѕа и Стефан Ел Шаарауи.
Италија ќе почне да се собира уште од недела и тоа во стандардната тренинг база во населбата Коверчано во Фиренца.
Џанлуиџи Буфон – Јувентус
Џанлуиџи Донарума – Милан
Матиа Перин – Џеноа
Давиде Астори – Фиорентина
Андреа Барѕаљи – Јувентус
Леонардо Бонучи – Јувентус
Џорџо Кјелини – Јувентус
Доменико Кришито – Зенит
Матео Дармјан – Манчестер Јунајтед
Матиа Де Шиљо – Милан
Анџело Огбона – Вест Хем
Алесио Ромањоли – Милан
Федерико Бернардески – Фиорентина
Џакомо Бонавентура – Милан
Антонио Кандрева – Интер
Даниеле Де Роси – Рома
Алесандро Флоренци – Рома
Рикардо Монтоливо – Милан
Марко Пароло – Лацио
Марко Верати – ПСЖ
Андреа Белоти – Торино
Едер Ситаџин Марчинс – Интер
Маноло Габјадини – Наполи
Чиро Имобиле – Лацио
Грациано Пеле – Шандон Лунен Таишан
Никола Сансоне – Виљареал
Италија прво на 6 октомври ќе ја пречека Шпанија во Торино во натпревар кој е дерби во групата Г, а потоа на 9-ти на „Националната Арена Филип II Македонски“ ќе ѝ гостува на Македонија.